Попоски - Осигурителната индустрија во текот на последните две години бележи најдинамичен развој

Осигурителниот сектор во Република Македонија, иако е еден од најмалку развиените на ниво на Европа, сепак во последните години, е во фаза на динамичен развој, и покрај финансиската криза и последиците што се чувствуваат по неа, велат експертите.

Во осигурителниот сектор во Република Македонија постојат 15 друштва за осигурување и тоа, 14 од нив се дел од европски осигурителни групации.

Тоа, според директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување во Република Македонија, д-р Климе Попоски, покажува дека имаме силно присуство на странски капитал во овој сектор.

- Странските инвеститори препознаваат дека во Република Македонија постои голем потенцијал, а и самото законско опкружување и сите меѓународни стандарди за водење ефикасен бизнис се присутни во Република Македонија, вели Попоски.

Освен тоа, како што додава тој, во Македонија има и силно присуство на таканаречени осигурителни посредници. Постојат 23 осигурителни брокерски друштва, ангажирани се повеќе од 700 агенти, 350 осигуриителни брокери, а во самите служби за осигурување има вработено над 1.500 луѓе.

Последните статистички податоци покажуваат дека во последните две години и во првата половина од 2013 година е забележан најдинамичен развој во осигурителната индустрија во земјите од Централна и Југоисточна Европа.

- Просечна годишна стапка на раст на пазарот на осигурување за 2013 година е преку 6 проценти. Во делот на животното осигурување, пазарот расте со 25 отсто. Подинамичен развој на пазарот на осигурување на живот не е забележан на територијата на цела Европа. Тоа значи дека потенцијалот постои и сите оние инвеститори коишто се јавиле во ова сфера се задоволни. Очекуваме уште многу нови инвестиции во осигурителната индустрија, појаснува Попоски, според кого, паралалено со оваа индустрија треба да се развива и научната мисла.


Превземено: www.ohridpress.com

Reactions:

0 comments:

Post a Comment

 

Pratete ne na Facebook!